Македонија

Мицкоски сподели донација од фирма и напиша: Нашите градоначалници работат!

Мицкоски сподели донација од фирма и напиша: Нашите градоначалници работат!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски сподели фотографија од детски парк и напиша дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат, за разлика од оние на СДСМ.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат разликата меѓу нас и СДСМ, ние градиме и работиме, а СДСМ краде!“, вели тој.

Но, како што може да се види и на Инстаграм страницата на компанијата, се работи за донација.

„Макстил денес го донираше првиот мултифункционален парк со детско игралиште и опрема за вежбање во општина Гази Баба на површина од 2000 м2, каде создаде модерен и урбан простор за социјализирање и рекреирање“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни