Мицкоски свика седница на извршниот комитет и состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

За денеска попладне претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, свика седница на Извршниот комитет на партијата, а ќе има и состанок со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денешниот ден ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните промени. Од опозицијата брифираат дека се вршат жестоки притисоци од страна на власта и Заев за обезбедување на двотретинско мнозиство за уставните измени, се гази демократијата, и Заев по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните тргнува по промена на името.

Извор: ТВ21