Македонија

Мицкоски утре ќе ѝ кажел на Фон дер Лајен дека ова е Македонија – таа прво на средба со премиерот, претседателот па пред пратениците

Мицкоски утре ќе ѝ кажел на Фон дер Лајен дека ова е Македонија –  таа прво на средба со премиерот, претседателот па пред пратениците

Скандалозна најава од страна на Европскиот парламент. Северномакедонски парламенти и северномакедонски премиер осамна на Твитер на официјалниот акаунт на Европскиот Парламент при објавата дека утре во Скопје ќе допатува Урсула Фон Дер Лајен. Веднаш реагирале од Министерството за надворешни работи во Скопје.

„Министерството за надворешни работи, како и секогаш, реагираше веднаш штом забележа дека е употребена несоодветна придавка. Добивме уверување дека е направена ненамерна грешка, по што објавата беше веднаш избришана“, велат од Министерството за надворешни работи.

Ова не е прв пат да бидеме наречени северномакедонци, иако тој поим не постои, согласно Договорот од Преспа, државјаните на Северна Македонија имаат македонско државјанство / Граѓани на Република Северна Македонија.

Попладнево пак нови протести започнаа од пред Владата, преку Министерството за надворешни работи па се до Собранието. Пред протестите во изјава за медиумите збор-два кажа и лидерот на партијата, кој рече дека се уште не се знае како ќе постапат „неговите“ утре во парламентот. Но, откри што ќе и каже на Урсула Фон Дер Лајен.

„Дека ова е Македонија, ова е македонски народ со своја традиција, дека ова е македонски народ кој со векови се борел за своја сопствена држава, има своја култура која што е со векови, кој говори македонски јазик и е горд затоа што говори македонски јазик и е горд затоа што е македонски народ кој живее во својата Македонија“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Инаку утре претседателката на Европската комисија во 12 часот е на средба со премиерот на државата, а во 13 часот ќе се обрати пред пратениците. Во 13.30 е закажана седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог.

Протестите утре започнуваа точно на пладне пред Собранието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни