Мицкоски: За три месеци јавниот долг зголемен за една милијарда евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку соопштение денеска истакнува дека за само три месеци владата на СДСМ го зголемила јавниот долг за една милијарда евра.

„За само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра. Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени. Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп“, посочува Мицкоски.

Тој пишува дека овие пари кои се задолжуваат, се пари кои се потрошени за изборите.

„Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона. Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува“, додава Мицкоски.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното