„Исто како и мнозинството граѓани, така и јас со чувство на мака го проследив пресот на Зоран Заев. Само Зоран Заев, политичар аболиран за тежок криминал, кој влече сериозни хипотеки зад себе може да прославува и да се гордее што го променил името и идентитетот на сопствената земја“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и му порача на Заев дека Македонија денес не слави за ваквото предавство, рече дека Владата залудно се фали за сите овие лажни еуфории, порача дека тој може да се фали само со притисоците, заканите и непринципиелните пазарења со кои што ја погази јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и 30 септември 2018 година.
„Зоран Заев денес и предвреме ја преименува сопствената татковина, на се уште не стапен во сила договор. СРАМОТА! Човекот треба да разбере дека никој не го сака, никој не му верува. Но и се поголем е бројот на луѓето кои веќе не му се плашат. Зоран Заев готов си! Сите веќе тоа го знаат, а набрзо и ти ќе го дознаеш тоа“, изјави Мицкоски.
