Балкан

Младо лице уапсено поради пожарот во небодерот „Вјесник“ во Загреб

Младо лице уапсено поради пожарот во небодерот „Вјесник“ во Загреб

Едно младо лице е уапсено во врска со пожарот во зградата на „Вјесник“ во Загреб, соопшти загрепската полиција.

Од моментот кога дознале за пожарот во деловната зграда на „Вјесник“, односно од самиот почеток, полицијата, додека го обезбедувала местото на настанот и преземала мерки за да ја осигури безбедноста на граѓаните, започнала кривична истрага, пренесува N1 Загреб.

Полицијата изјавила дека во кривичната истрага биле вклучени неколку млади лица, од кои едно е уапсено и се води истрага.

Пожарот во зградата на „Вјесник“ избувнал во понеделник вечерта и горел цела ноќ. Како што изјавил командантот на противпожарната бригада, ниту вчера не бил изгаснат. Имало огромна материјална штета, но никој не е повреден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни