Модерни и неверојатно стилски: 6 фотографии кои се доказ дека никој не носел очила за сонце подобро од Лејди Ди

Иако често зборуваме за стилот на принцезата Дијана, главно за гардеробата и изборот на чанти, сфативме дека неправедно занемаривме еден додаток кој е многу важен во секој стајлинг, а тоа се очила за сонце.

„Принцезата на народот“, како што многумина ја нарекуваа, усвои модерен поп -стил во раните осумдесетти години кога носеше модел на авијатичар. Ги носеше кога се облекуваше лежерно, но и кога беше елегантно стилизирана. Во деведесеттите години на минатиот век, таа носеше тркалезни модели, но и класични со црна рамка.

Нејзиниот летен стил е еден вид инспирација на која се враќаме кога немаме повеќе идеи, а сега ви носиме фотографии од Лејди Ди со очила кои би биле модерни и денес.