Актерката Меган Фокс се соочува со сериозни проблеми, бидејќи децата на нејзиниот син ја задеваат на училиште поради начинот на кој таа се облекува.
За време на едно интервју, Меган откри дека верува дека децата треба да носат сè и дека нејзиниот син ужива да носи фустани. Самиот ги дизајнира и во нив се чувствува убаво.
Меѓутоа, децата од неговата околина не мислат така, па момчето често наидува на лоши коментари и задевања, па дури и на злоупотреба.
View this post on Instagram
Затоа таа неодамна и се обрати на јавноста:
– Имам дете кое страда. Многу сум загрижена поради тоа, би сакала човештвото да не биде така – изјавила Меган Фокс.
Ноа сега има девет години и многу му е тешко што другите деца го одбиваат и не сакаат да си играат со него.
Таа напомена дека неговата љубов кон фустаните се видела кога имал две години и дека секогаш повеќе сакал да носи фустан отколку панталони.
Актерката исто така нагласи дека би сакала да живее во поинаков свет. Откако прочитала многу книги напишани од трансродови луѓе и деца, актерката дошла до заклучок:
– Изборот на облека е негов начин на изразување, па затоа треба да продолжи да се облекува онака како што се чувствува – рече таа.
Таа додаде дека со години работела за да ги охрабри Ноа и неговите браќа, Џорнија и Боди, да го прифатат тоа што се. За жал, вели таа, други луѓе се тие кои имаат проблеми со личниот избор на нејзиниот син.
