Македонија

МојДДВ не работи

МојДДВ не работи

Апликацијата „МојДДВ“ веќе трет ден се соочува со проблеми во функционирањето. Корисниците известуваат дека не можат да ги скенираат своите фискални сметки и да остварат поврат на ДДВ, а при обид за користење постојано се појавува порака дека нема поврзување со серверите на УЈП.

Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека проблемот е од техничка природа. Засега не се соопштуваат дополнителни детали, ниту рок кога системот ќе биде целосно нормализиран

Ова не е првпат „МојДДВ“ да има технички потешкотии. Во изминатата година беа забележани повеќе прекини во работата на системот, како и доцнења во исплатата на средствата од повратот на ДДВ. Иако од раководството на УЈП претходно беше наведено дека мерката не ги дала очекуваните резултати, засега нема најави за нејзино укинување

На социјалните мрежи дел од граѓаните коментираат дека честите прекини и доцнења можеби се поврзани со финансиската состојба на државата. За ваквите тврдења, меѓутоа, нема никаков официјален демант или потврда.

Граѓаните очекуваат брза стабилизација на системот за повторно непречено користење на апликацијата „МојДДВ“ и навремен остварување на повратот на ДДВ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни