Молдавија не бара кратенки до ЕУ, рече молдавската претседателка Маја Санду

Молдавија не бара кратенки за влез во ЕУ, објави Ројтерс, повикувајќи се на изјава на молдавската претседателка Маја Санду.

Молдавија, која граничи со Украина на исток и со Романија на запад, продолжува да работи за да се приклучи на ЕУ поради стравувањата дека може да биде вмешана во конфликтот во Украина. „Фактот што ни дадоа кандидатски статус не значи дека не примија во ЕУ“, рече таа на форумот Глобсек во 2022 година во Братислава. „Не бараме кратенка, сфаќаме дека ни претстои долг пат“, додаде Санду.

Се вчитува...

Украина, исто така, поднесе барање за членство во ЕУ заедно со Грузија. Минатата недела, молдавската премиерка Наталија Гаврилица рече дека Молдавија има „историска“ можност да се приклучи на ЕУ и сите други проекти за приближување на земјата до блокот не треба да го заменат патот кон полноправно членство.

Стравувањата на Молдавија од вмешаност во конфликтот во Украина се појавија откако проруските сепаратисти во молдавската област Придњестровје го обвинија Киев за пукање, експлозии и прекугранични напади со беспилотни летала.

На денешната конференција во Братислава, Санду рече дека се работи на реформирање на правосудниот систем во Молдавија и борба против корупцијата и дека членството во ЕУ може да помогне во заштитата на демократијата во земјата. „Останувањето во оваа тампон зона, во оваа сива зона, би било многу лоша вест за нас“, рече таа. „Затоа се обидуваме да добиеме позитивен сигнал од ЕУ“, додаде Санду.