Свет

Молдавија: Руска ракета влезе во нашиот воздушен простор

Молдавија: Руска ракета влезе во нашиот воздушен простор

Руска ракета навлезе во воздушниот простор на Молдавија.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду изјави дека руска ракета го нарушила воздушниот простор на Молдавија ноќта на 24 декември.

„Додека нашите земји го слават Божиќ, Кремљ избира уништување – таргетирање на украинската енергетска инфраструктура и нарушување на воздушниот простор на Молдавија со проектил – дејствија кои јасно го прекршуваат меѓународното право“, рече Санду.

Претседателката на Молдавија, исто така, рече дека нејзината земја ги осудува овие напади.

Да потсетиме, Русија во средата изврши жесток напад врз Украина и во тој процес ја таргетираше енергетската инфраструктура на Украина, која остави некои делови без струја.

Во нападите ранети се најмалку шест лица во североисточниот град Харков, а едно е убиено во областа Днепропетровск, соопштија тамошните гувернери.

Половина милион луѓе во регионот Харков останаа без греење на температури само неколку степени над нулата, додека струјата снема во Киев и другите градови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни