Во петокот ученик од ОУ „Светозар Милетиќ“ во Земун донел чаури за ловечка пушка во училиштето, поради што бил суспендиран до завршување на дисциплинската постапка покрената против него. Родителите на другите ученици се вознемирени и денеска не ги испратија децата на училиште.
Гордана Среќковиќ, директорка на ОУ „Светозар Милетиќ“, за Н1 изјавила дека инцидентот се случил во петокот кога од ранецот на момчето испаднале две чаури од ловечка пушка. Веднаш била повикана училишната полицајка која го пребарала ранецот на момчето и не нашла друго оружје или муниција.
Момчето во придружба на неговата мајка било приведено во полициската станица во Земун, а училиштето за настанот го известило надлежниот Центар за социјална работа, додава директорот.
Како што неофицијално дознава Н1, момчето во полиција изјавило дека чаурите за ловечката пушка ги одзел од неговиот вујко, кој е ловџија и кој му ја покажал ловечката опрема.
Против момчето е поведена дисциплинска постапка, а тимот за борба против насилство од училиштето предложил ученикот да биде суспендиран од наставата до завршување на постапката.
Родителите на некои ученици денеска не ги испратија децата на училиште, загрижени бидејќи се шушкаше дека момчето имало нож со себе, како и наводен список по оној од ОУ „Владислав Рибникар“. Директорката ги демантира тие информации и уште еднаш посочува дека училишниот полицаец го пребарал ранецот и дека ништо од наведеното не било пронајдено.
Среќковиќ нагласува дека покрај оваа се појавиле и други дезинформации кои предизвикуваат страв кај родителите. Таа вели дека училиштето ги презела сите мерки предвидени во вакви случаи.
„Тоа е сериозен инцидент за кој треба да одговара родителот, бидејќи на детето му било на располагање ловечко оружје, но тоа не е во надлежност на училиштето“, вели директорот за порталот N1.
