Балкан

Момчето убиец од Србија доби статус на оштетено лице! Пресврт во случајот „Рибникар“!

Момчето убиец од Србија доби статус на оштетено лице! Пресврт во случајот „Рибникар“!

Ирина Боровиќ, адвокатката на семејството Кечмановиќ, по денешното судење пред Вишиот суд зборуваше за случајот.

-Обвинетите денеска ги изнесоа своите одбрани врз основа на проширениот обвинителен акт. Ова проширено обвинение фактички е идентично со претходното, така што нивните наводи не се разликуваат значително од претходните. Коста од денеска и официјално има статус на оштетен, што е целосно оправдано. Вишото јавно обвинителство од денеска ги штити и неговите права и интереси, така што во таа смисла прилично се сменија позициите и се смени атмосферата и тоа можам да ви кажам за содржината на овој случај, изјави Ирина Боровиќ. и додаде:

– Жалам што не можам да ви го пренесам ставот на оштетениот Коста К., во однос на ова обвинение и наводната кривична одговорност на неговите родители, која е конституирана со овој обвинителен акт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни