МОН со демант до Сојузот на средношколци: Онлајн платформата не чини 15,5 милиони евра, туку е бесплатна

Минисерството за образование и наука, со демант до Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра.

Се вчитува...

МОН вели дека за платформата не е потрошен ниту денар.

Дека истата е функционална и од почетокот на годината 80% од учениците и студентите успешно ја следат наставата. Останатите, според МОН, немале проблем со платформата, туку со интернет конекција и немање уреди.

„Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци  дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра. МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици.

Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија.“, се вели во соопштението.

.

Извор: ТВ21