Свет

Монархијата и бизнисот: Кралското семејство носи над 1,7 милијарди приходи на Велика Британија годишно

Монархијата и бизнисот: Кралското семејство носи над 1,7 милијарди приходи на Велика Британија годишно

Милиони Британци најдоа начин да и оддадат почит на Елизабета Втора. Од портрети со нејзиното лице, до сувенири, панделки и цвеќиња.

Црни панделки, знамиња, портрети на кралицата, пораки – продавници, пабови и јавни згради во Виндзор и оддаваат почит на Елизабета. Цвеќарниците до замокот работат речиси деноноќно. „Од минатиот четврток, кога почина, има постојана побарувачка. Петокот беше најфреквентен, многу луѓе доаѓаат во Виндзор.

Сабота, недела, имавме многу клиенти. Луѓето ја сакаа нашата кралица. Имаме нарачки од цела држава и од странство – Австралија, Америка. Ги правиме букетите и ги оставаме во нивно име, па им испраќаме видео“, објаснува сопственикот на цвеќарницата.

Џенет Дејвис, која е сопственик на продавницата „Цвеќе од Виндзор“, многупати има направено украси за кралското семејство.

„Имав продавница во Лондон 36 години, се преселив овде пред година и пол. Имав многу наредби од кралицата. Држам едно од нејзините омилени цвеќиња – сладок грашок, типичен сезонски цвет во Велика Британија. Таа сакаше миризливи цвеќиња. На пример, сладок грашок, фрезија, крин на долината. Ги користевме овие цвеќиња, сигурно сте виделе, за букетот на ковчегот“, објаснува таа.

Втората најбарана роба по цвеќињата се сувенирите.

Сувенирите со ликот на кралицата се едни од најбараните во продавниците околу замокот. Според продавачите, не се работи само за бизнис и пари, луѓето сакаат да поседуваат предмет со ликот на Елизабета Втора како уште еден начин да и оддадат почит.

Туристите купуваат повеќе магнети и картички со омилениот замок на кралицата, Виндзор.

Со децении, монархијата беше најголемото богатство на Британија. Нејзината капитална вредност како бизнис се проценува на 67,5 милијарди фунти, а нејзиниот годишен придонес во економијата на ОК во просек е над 1,7 милијарди фунти. Ова ги вклучува приходите од имотите, како и индиректниот ефект на монархијата врз различните индустрии.

Почитувањето на институцијата ја зголемува цената и обемот на продажба на голем број производи брендирани со кралскиот грб. Од другата страна на паричката, одржувањето на монархот и на кралското семејство чини околу 292 милиони фунти или 4,50 фунти годишно за секој британски државјанин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни