Словенија се префрли на еврото во 2007 година, заменувајќи ја својата прва национална валута, толарот, со евро, а сега некои стари банкноти од времето на монетарната сувереност стануваат вредни на нумизматичкиот пазар.
За добро сочувана банкнота од 10.000 толари, првпат испечатена во 1995 година, може да се добијат околу 300 евра, изјави претседателот на словенечкото нумизматичко друштво Урбан Мате.
При размена на толари за евра за таа банкнота со ликот на писателот Иван Цанкар, тогаш се добиени околу 41,6 евра.
Откако есента 1991 година ја укина употребата на стариот југословенски динар, Словенија го пушти во оптек т.н. „Вредносни ваучери“ кои се користат помалку од една година, а за некои добро сочувани примероци денес може да се добијат износи што ја надминуваат реалната вредност десет пати од времето кога биле користени, велат експертите.
Според податоците на централната банка, на Словенците во банкноти и монети им останале околу 32 милиони евра.