Македонија

Можните коалиции за новата влада – ДУИ одлучна да ја реализира идејата за премиер Албанец

СДСМ е победник на парламентарните избори одржани на 15 јули со вкупно 46 пратенички мандати, а лидерот на партијата Зоран Заев како мандатар треба да ја формира новата Влада. На Заев му требаат уште 15 пратеници, колку што има ДУИ, но партијата на Ахмети е одлучна дека договор може да се постигне само со реализација на идејата за премиер Албанец.

Но, лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, одлучи преговорите за формирање на новата Влада да ги почне по Илинден.

Арјанит Хоџа од коалицијата Можеме, за ТВ21 вели дека се уште е рано да се зборува за можна коалиција.

И од коалицијата Сега е време велат дека ги чекаат официјалните податоци од ДИК но велат дека нивната платформа може полесно може да се усогласи со таа на СДСМ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со ДУИ и другите партии.

Политичкиот аналитичар, Кржаловски, вели дека постојат четири можни сценарија за формирање на Влада, но најреалното сценарио е СДСМ и ДУИ, кои досега беа во коалиција, да ја формираат новата Влада.

Според досегашните резултати од ДИК, коалицијата Можеме има 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалиција „Сега е време“ 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни