Мрежести чоколадни јајца: Вака се прави најубавото велигденско уживање!

Подготвувањето на овој десерт е забавно, а уште подобро и поедноставно. Се што ви треба е чоколадо во боја и неколку балони.

Чоколадото растопете го во микробранова печка или на рингла и прелијте го во кесе за шлаг или во вреќички за украсување. Направете чоколадна мрежа околу балонот што претходно го измивте и надувавте.

Ставете го во фрижидер околу еден час да се стегне добро и потоа дупнете го балонот. Извадете го од чоколадната лента и готово, ја добивте најинтересната велигденска декорација за јадење.

Покрај балони, можете да користите и калапи на кои ќе направите чоколадна мрежа.

Во видеото погледнете како изгледа целиот процес: