Македонија

Привремениот администратор: АЛТА банка е стабилна, мерките се преземени согласно закон

Привремениот администратор: АЛТА банка е стабилна, мерките се преземени согласно закон

Привремениот администратор на АЛТА банка АД Битола, Илија Андовски, уверува дека банката и покрај воведувањето администрација од страна на Народната банка, останува ликвидна и солвентна. Тој на денешната надзорна расправа во собраниската Комисија за финансирање и буџет истакна дека преземените мерки се во согласност со законските прописи и дека финансиското работење на банката е стабилно.

Одговарајќи на прашањата од пратениците Благој Бочварски од СДСМ и Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ, Андовски нагласи дека воведувањето администрација не значи дека е доведена во прашање ликвидноста или солвентноста на банката.

Тој посочи дека ниту една банка не може да издржи панично повлекување на депозитите, без оглед на тоа во која држава работи, поради што е неопходно преземање соодветни мерки.

„Не постои банка која може да издржи панично повлекување на депозити, не само кај нас, туку и секаде во светот, затоа е потребна администрацијата“, одговори Андовски.

Привремениот администратор повтори дека постапките се спроведуваат согласно закон и дека целта на администрацијата е да се овозможи соодветно управување со состојбите во банката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни