МТСП: Да се почитуваат одлуките од страна на МЗ за епидемијата од морбили, казните за невакцинирање од 350 до 650 евра

Министерството за труд и социјална политика ги информираше сите државни и приватни градинки, дека Министерството заздравство прогласи епидемија на мали сипаници (морбили) во Скопје, согласно Законот за заштита на населението од заразни болести. Истовремено МТСП им укажа на градинките дека е на сила забрана за примање деца во градинките кои не се васкцинирани од МРП (вакцина за морбили, рубеола и паротит). Градинките се задолжени и да спроведат санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.

Врз основа на горе наведеното Министерството за труд и социјална политика укажува дека треба да се почитуваат одлуките коишто се донесени од страна на Министерството за здравство.

Се вчитува...

Укажувањата и препораките се во насока превенција и поголема безбедност на децата. Истовремено ги информираме родителите дека казните за невакцинирање на децата се движат од 350 до 650 евра.

Извор: ТВ21