Ресторан за морски плодови во Кина во кои гостите можат да јадат колку сакаат (концепт all you can eat) му забрани влез на маж поради прејадување.
Човекот, познат само како г-дин Канг, изјави за локалните медиуми дека му бил забранет пристапот до бифето за скара со морска храна Хандади во градот Чангша, по серија посети.
За време на една посета, Канг изел 1,5 кг свински нозе, додека вториот пат, во преносот во живо се изел помеѓу 3,5 кг и 4 кг ракчиња. Тој тврдеше дека ресторанот ги дискриминира гостите кои можат многу да јадат.
„Дали е тоа грешка?“, праша Канг, додавајќи дека секогаш завршува со јадење во ресторан.
Сепак, сопственикот на ресторанот рече дека губи неколку стотици јуани секој пат кога Канг јаде во неговиот објект.
„Дури и кога пие млеко од соја, може да испие 20 или 30 шишиња. Кога јаде свински нозе, го консумира целиот послужавник. А за ракчиња, додека луѓето обично користат маша за да ги земат, тој го користи послужавникот за да ги земе сите,” рече тој.
Сопственикот додаде дека сега ќе ги стави на црна листа сите преносители во живо, не само Канг. Неговата одлука предизвика различни реакции на социјалните мрежи.
Додека некои корисници сметаа дека ресторанот не треба да го рекламира правилото „се што можете да јадете“ доколку не можат да си го дозволат тоа, други изразија сочувство со сопственикот.
