Финансиската полиција ја истражува и набавката на садници покрај реката Вардар. Ова го потврди првиот човек Арафат Муареми на гостувањето во ТВ21 во „Click Plus”.
„Интересно е тоа што пријавената вредност на садниците е многу повисока од набавната цена“, рече Муареми кој додаде дека се следени трансакциите и дека истите се префрлени на неколку фиктивни компании, подигнати во кеш и потоа се предадени на лицата за кои биле наменети тие пари.
Видео од изјавата на Муареми за садниците во вчерашното издание на „Click Plus” во ТВ21:
