Мухамед Зекири за ТВ21: Македонија веќе нема ризици за својата безбедност

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири за ТВ21 вели дека со давањето зелено светло на уставните промени се загарантира безбедноста на Македонија.

„Ова значи отворање на перспективи за граѓаните на Македонија и дека Македонија веќе нема ризици  за својата безбедност. Како што ветивме, Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ“, изјави Мухамед Зекири.

Извор: ТВ21