После неколкуте информации кои се појавија во текот на изминатите денови дека екс премиерот Никола Груевски не е повеќе во Унгарија, и избегал во некоја друга земја, од МВР велат дека нивните сознанија кажуваат дека Груевски и натаму на унгарско тло.
„Според сознанијата со кои располагаме и разговорите со МВР на Унгарија, Груевски се наоѓа во Унгарија каде ја чека одлуката на властите за неговото барање за азил“, велат од МВР.
Во меѓувреме се подготвува барање за екстрадиција на Груевски, кој треба да одлежи казна затвор од две години во случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот „Мерцедес“.
