МВР и ОЈО со истрага против Бачев, погрдни зборови за Василевски, навреди кон Албанците

Навреди на лична основа, говор на омраза, ова беше дел од вербалниот напад на лидерот на Единствена Македонија кон пратеникот Сашо Василевски. Во рамките на кампањата на движењето „Македонија Блокира“, во кое членуваат неколку организации и политички партии, меѓу кои и Јанко Бачев, се врачуваат протестни писма на исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни промени. Доцна синоќа собир имаше пред домот на Сашо Василевски. Кога, екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ излезе во дворот да го прими протестното писмо со погрдни зборови беше вербално нападнат од Јанко Бачев. Во вокабуларот на Бачев, како по обичај, повторно се најде зборот „шиптари“.

Бидејќи не сакаа да го сушнат неговото објаснување, Сашо Василевски доцна синоќа им се обрати со писмо.

Го притиснав зеленото копче без притисок и не ме мачи совеста за тоа. Тоа е така бидејќи лажниот патриотизам не мачи веќе 30 години, да го оставиме настрана. Македонија има пат, а тоа е кон ЕУ и НАТО – Писмо на Сашо Василевски.

МВР во соработка Основното Јавно Обвинителство отвори истрага за синоќешниот инцидент. Претседателот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев пред неколку дена беше повикан на распит во полициска станица поради заканите кон пратениците дека нема да стигнат ни до граница доколку гласаат за уставните измени, но  и поради обвинувањата дека земале по 2 милиони евра за да гласаат.

Репортер: Аднан Ќаили

Извор: ТВ21