Македонија

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен телефон додека возите

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен телефон додека возите

Една секунда невнимание може да биде доволна за да се случи трагедија. Со оваа порака Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатуваат апел до возачите да не користат мобилен телефон додека управуваат со возило.

Во рамки на кампањата „Секој живот е важен“, институциите потсетуваат дека секое патување започнува со една едноставна одлука – внимателно да се седне зад воланот и целосно да се посвети внимание на патот.

Иако многу возачи сметаат дека имаат целосна контрола додека користат телефон, само еден момент на одвлекување на вниманието може да има сериозни последици.

При брзина од 80 километри на час, само една секунда невнимание значи дека возилото поминува повеќе од 20 метри без целосна контрола и внимание од возачот.

Од МВР и РСБСП апелираат возачите да го тргнат телефонот додека се зад воланот, да го држат погледот на патот и да бидат одговорни кон себе и кон останатите учесници во сообраќајот.

„Животот е премногу вреден за да биде изгубен поради еден мал момент на невнимание. Возете внимателно и запомнете – секој живот е важен“, се наведува во пораката на кампањата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни