Македонија

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

МВР: Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна

Меѓународната потерница по Симеон Михаилов сè уште е активна, потврди Министерството за внатрешни работи за 4NEWS.mk.

Од МВР велат дека не располагаат со информации оти лицето престојува на територијата на Македонија.

„Ве информираме дека меѓународната потерница за лицето за кое се однесува Вашето прашање сè уште е активна“, се наведува во одговорот од Министерството.

Од МВР додаваат дека од фотографијата што им била доставена може да се види дека лицето дава изјава за бугарска телевизија.

„Министерството за внатрешни работи не располага со информации дека лицето престојува на територијата на Македонија“, одговорија од МВР.

Прашањата до Министерството беа испратени откако на веб-страницата на МВР, во делот „Потраги“, беше забележана активна меѓународна потерница по Симеон Михаилов, додека лице со истото име се појавува во медиумите и дава изјави поврзани со судскиот процес за неговата ќерка Ива Михаилова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни