МВР објави детали за мажот кој се удави во Охридско езеро

На 28.08.2021 во 07,30 часот во СВР-Охрид, Б.П.(34) од Скопје пријавил дека во водите од Охридското езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште забележал тело. Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид.

Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.