Македонија

МВР отвора истрага за јавни функционери, повикот на Мицкоски во МВР за истрагата со теретана не е спорен за Чулев

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои се вклучени актуелни и поранешни функционери, ова за ТВ21 во потврди министерот Наќе Чулев.

„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги во областа на организираниот криминал и на корупцијата.“, рече Чулев.

Започнувајќи од утре, МВР ќе започне со објавување на истрагите во кои како што вели првиот човек на полицијата, инволвирани се актуелни но и поранешни функционери кои биле или сè уште се на некоја позиција.

„Веќе ние како МВР, ќе бидеме и повеќе насочени во борба против организираниот криминал и за сите тие работи ќе ја информираме јавноста, да видат дека министерот за внатрешни работи и покрај тоа што беше ангажирана во борба против коронавирусот, беше нагажирана и на сериозна неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата“, вели Чулев.

Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, Чулев додава дека во тек е и истрагата за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Рече дека извршени се интервјуа со вработените во теретаната, а одземени се и хард дисковите од безбедносните камери кои сега се вештачат.

„При крај е вештачењето на материјалот и се надеваме дека во текот на наредните неколку денови ќе имаме чиста ситација, објективна, фактичка ситуација со цел министерот за внатрешни работи да ја каже вистината за овој случај.“, изјави Чулев.

Запрашан за телефонскиот повик кој Мицкоски го реализирал информирајќи се за истрагата, Чулев вели дека тоа може да го направи секој граѓанин и дека тука нема крекршување на постапка.

Во емисијата, Чулев потенцираше дека речиси сите предлози кои ги доставил до Владата биле одбиени без сериозни причини за истото.

Управниот суд донел одлука во корист на Чулев со која се потврдило дека во решенијата издадени по неговото доаѓање нема нерегуларности.

.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни