Македонија

МВР: Посебен режим на сообраќајот во Скопје

Министерството за внатрешни работи вчера извести дека денеска и утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Република Полска Н.Е Анджеј Дуда.

„За таа цел МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје,  за што апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат  наредбите  кои  ќе  ги  даваат  униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, велат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни