Македонија

МВР: Пронајдени 381 насади канабис, четворица приведени во гевгелиско

Приведени неколку лица и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера околу 20.00 часот на место викано “Жабјак”, атар на с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија.

При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни