Македонија

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496 лица лишени од слобода и одземени 332 возила!

МВР СО БИЛАНС ЗА ЈУЛИ: Над 20.000 сообраќајни прекршоци, 496 лица лишени од слобода и одземени 332 возила!

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објави статистичките податоци од интензивните сообраќајни контроли спроведени на патиштата низ целата држава во периодот од 1 до 31 јули 2026 година.

Во текот на изминатиот месец полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи констатирале и санкционирале вкупно 20.976 сообраќајни прекршоци.

Приведени 496 лица за безобѕирно управување возило

Поради тешки сообраќајни прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста, лишение од слобода биле вкупно 496 лица:

  • Управување без дозвола: 373 лица
  • Возење под дејство на алкохол: 81 лице
  • Возење под забрана: 25 лица со претходно изречена мерка за забрана за управување
  • Екстремно чекорење на брзината: 13 лица надвор од населено место и 3 лица во населено место
  • Возење во спротивен/забранет правец: 1 лице

Покрај лишувањето од слобода, согласно член 300-б од Кривичниот законик, привремено или трајно се одземени 332 возила.

Структура на најчестите прекршоци во јули:

  • Брзо возење: 4.241 платни налози се издадени за непочитување на пропишаната брзина.
  • Неправилно паркирање: Евидентирани се 4.694 прекршоци.
  • Возење под дејство на алкохол: Изречени се 430 санкции.
  • Санкции за мотоциклисти: 2.073 возачи на мотоцикли се казнети поради неносење заштитен шлем (кацига).
  • Некористење сигурносен појас: Санкционирани се 1.829 учесници во сообраќајот.

Техничка неисправност и исклучување од сообраќај

Според одредбите од Законот за возила:

  • 299 возила биле отстранети од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани.
  • 125 возила се исклучени поради установена техничка неисправност.
  • 44 возачи се санкционирани за неисправно или непредвидено затемнување на стаклата (непрописно поставени фолии).

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат со непрекинат интензитет и во наредниот период, со апел до сите учесници во сообраќајот за стриктно почитување на правилата и прописите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни