76-годишна жена е пронајдена без знаци на живот во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје, велат од Министерството за внатрешни работи за 4NEWS. Според пријавата, жената ја пронашла нејзината ќерка, а лекарите констатирале смрт со видливи траги на насилство.
Случајот бил пријавен денеска (27 октомври) во 9:18 часот во СВР Скопје од страна на М.А., која ја пронашла својата мајка О.А. (76) во семејната куќа.
Екипа на Итната медицинска помош излегла на местото и ја констатирала смртта, при што биле забележани видливи траги на насилство.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото е предадено на обдукција.
Од СВР Скопје преземаат мерки за утврдување на причините за смртта и целосно расчистување на случајот.