МВР уапси еден од нарко-босовите кои беа во бегство по акцијата „Планина“

Попладнево МВР на подрачјето на Ѓорче Петров уапси еден од нарко-босовите од село Грчец, кои на почетокот од годинава се вдадоа во бегство откако беше спроведена акцијата „Планина“.

Тогаш, МВР распиша потерници за шест лица, односно за нарко-босвоите кои не беа пронајдени за време на акцијата.

Денеска (19.09.2021) во 13.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода С.Б.(32) од с.Грчец, скопско. За него била распишана централна потерница за истрага. С.Б. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. 

стои во известувањето од Министерството за внатрешни работи

Во големата акција која на почетокот од годината ја спроведе Министерствто за внатрешни работи под името „Планина“, беа уапсени 21 лице поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.