МЗ: 69% од новите случаи и 80% од починатите, со Ковид 19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 18 ноември 2021 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Во период од 06.08 до 18.11.2021 на територија на државата 53.682 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

Поврзани вести

Од полноќ нова цена на горивата

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по...

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ГРЕШИТЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Животот уште посурово ви враќа сè што правите!

Еднаш имаше една слаба старица која, откако ѝ почина саканиот сопруг, отиде да живее со синот, снаата и внукот. Нејзиниот вид и слух се влошуваа секој ден. Понекогаш рацете...

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за...

13 лица ја изгубија битката со ковид-19 – најмладите 35 и 39 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19. Регистрирани сe 393 оздравени пациенти, а регистрирани се...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...