МЗ: Зголемен број на реинфекции со Ковид 19, расте процентот на заразени со Омикрон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно анализите на Институтот за јавно здравје, во период од една седмица за 51%, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи.

Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст од 30-39(27%), 20-29(24%) и 40-49(17%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9(2%). Најголемо зголемување на заболени е кај возрасната група од 20-29 години како и кај возрасната група од 30-39 години. Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на ИЈЗ, во периодот од 05- 10.01.2022, направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив(68%) е детектирана Омикрон варијантата. Омикрон варијантата е откриена во 12 градови и тоа: Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.

Според извештаите од болниците моментално на територија на цела држава се хоспитализирани 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела. Од вкупниот број хоспитализирани пацинети, 156 се во Скопје на КИБФС, ТБЦ и ГОБ 8 Септември.

Во останатите болници низ државата хоспиталзиирани пациенти има во Битола, Штип, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Кичево, Кавадарци и Струмица. Зголемен е бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците во државата, бројот на прегледи на дневно ниво понекогаш во болниците во Скопје надминува 100 пациенти.Според епидемилошките анкети најголем дел од пацинетите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптоми/добивање на позитивен резултат. Министерството за здравство, апелира граѓаните кои чуствуваат какви било симптоми, да направат тест и да се излоираат како би спречиле ширење на вирусот.

Поврзани вести

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до...

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал пред помалку од половина час, а на терен веќе се...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...