НА 61 ГОДИНА ПРВПАТ СТАНА МАЈКА: На Гинекологија се породи највозрасната прворотка

61-годишна жена го родила своето прво дете на скопските клиники.

Според информациите, жената се породила пред неколку дена на скопската Гинеколошка клиника и важи за најстарата жена што го родила своето прво дете во Македонија.

Досегашните информации велат дека и мајката и бебето се во стабилна состојба. Детето е зачнато преку ин витро процедура.

Повеќе детали се очекува денеска да соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев.