Свет

На Американците за патување во ЕУ од 2021 година ќе им треба виза

Американските државјани кои ќе патуваат во некоја од земјите на ЕУ наскоро ќе мора да имаат виза.

На американските патници ќе им треба нов вид на виза од 2021 година, што ќе ја носи кратенката ЕТИАС (European Travel Information and Authorization System – Европски систем за информации и авторизација на патување) за да го посетат европскиот шенген простор,

Шенгенот опфаќа 26 земји на ЕУ кои немаат меѓусебни граници и дозволуаат слободен премин на луѓето и производи.

Во моментов државјаните на САД може да патуваат 90 дена во ЕУ без виза.

За да аплицираат за ЕТИАС , на граѓаните на САД ќе им треба важечки пасош, емаил, како и кредитна или дебитна картичка, објави ЕУ. На малолетните ќе им треба само пасош.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни