На авион од Дубровник моторот му се запали, принудно слета во близина на Торино

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Волотеа“, кој утрово полета од Дубровник до Лион, беше принуден да изврши итно слетување на аеродромот „Сандро Пертини“ во близина на Торино поради технички дефект.

За време на летот, избувна пожар во еден од моторите, по што пилотот ги активираше протоколите за итни случаи и побара принудно слетување, кое беше одобрено, објавија италијанските медиуми.

Авионот слета безбедно во 10:28 часот, а никој од патниците или екипажот не беше повреден. Поради инцидентот, активностите на аеродромот беа привремено прекинати околу еден час. По слетувањето, патниците беа превезени со автобус до нивната крајна дестинација, Лион.

Сè уште не е познато што го предизвикало дефектот.