Македонија

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни