Македонија

На „Богородица“ уапсен Србин осомничен за воени злосторства – си одел на одмор во Грција

Грчката полиција соопшти дека уапсила српски државјанин, кого Хрватска го бара за наводни воени злосторства на нејзина територија во 1991 година, јави „Радио Слободна Европа“.

Полицијата соопштила дека 59-годишниот српски државјанин, чиешто име не се открива, бил уапсен откако влегол во Грција од Македонија, на пат кон летувалиште во cеверна Грција со сопругата и ќерката.

Уапсениот во Хрватска е обвинет за „учество во акции што довеле до смрт на цивили“ од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските села Воќин и Хум, во централна Славонија, каде што биле убиени десетици луѓе.

Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.

Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни