Балкан

На денешен ден почина Јосип Броз Тито

На денешен ден почина Јосип Броз Тито

Пред 43 години, на 4 мај 1980 година, почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), Јосип Броз Тито.

Бил водач на југословенските партизани во Втората светска војна и водач на Комунистичката партија на Југославија.

Тој ја водеше земјата надвор од советскиот блок, го иницираше нејзиниот сеопфатен развој и беше еден од водачите на Движењето на неврзаните.

Тој беше на чело на Југославија од 1945 година до својата смрт, а почина на 88-годишна возраст, во Клиничкиот центар во Љубљана, главниот град на Словенија, во 15 часот и 5 минути.

Неколку години, на 4 мај во 15.05 часот, се огласуваа сирените и стопираше транспортот, а граѓаните на Југолсавија, каде и да се најдоа, стоеја во место и со молк го почестуваа Тито.

Четириесет и третата годишнина од смртта на Тито денеска ќе биде одбележана во Куќата на цвеќето во Белград, каде што беше погребан, во Кумровац, Хрватска, каде што е роден и на уште неколку места, не само во поранешните југословенски републики. Гробот на Тито, Куќата на цвеќето, кој е дел од Музејот на Југославија на Дедиње, по погребот го посетиле околу 20 милиони луѓе.

На неговиот погреб присуствуваа повеќе од 200 делегации од целиот свет, претседатели, премиери, кралеви и владетели и партиски лидери од 107 земји. ;

Јосип Броз Тито е роден во Кумровац во мај 1892 година. Неговиот роденден беше прославен на 25 мај, како „Ден на младоста“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни