Македонија

На денешен ден почина Милтон Манаки, првиот македонски и балкански филмски снимател

На денешен ден почина Милтон Манаки, првиот македонски и балкански филмски снимател

На 5 март 1964 година во Битола почина Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател.

Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови постигнувања се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност.

Носител бил на „Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден бил во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни