Свет

На денешен ден во 1914 година започнала Првата светска војна

На денешен ден (28 јули) во далечната 1914 година почнала Првата светска војна.

Повеќе од 70 милиони воени лица, вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум милиони цивили загинале како резултат на војната. Оваа војна била една од најсмртоносните конфликти во историјата, и го отворила патот за големи политички промени, вклучително и револуциите во многу од вклучените земји.

Како причина за војната бил атентатот на војводата Франц Фердинанд од Австрија, наследник на престолот на Астроунгарија, од југословенскиот националист Гаврило Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година.

Ова предизвикало дипломатска криза кога Австроунгарија дала ултиматум за Кралство Србија кое не било прифатено.

Тоа било повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објавила војна на Русија, а на 3 август на Франција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни