Балкан

На денешен ден во последните 30 години никогаш не било потопло!

На денешен ден во последните 30 години никогаш не било потопло!

Според временската прогноза на МСН за Загреб, денеска е најтоплиот ден, 24 мај, во последните 30 години. Температурите денеска се искачуваат и до 30 степени, што е рекорд за овој датум.

Имено, според МСН, последниот рекорд на топлина на овој ден бил во 2007 година кога температурата достигнала 29 степени, само три години претходно, во 2004 година, на овој датум е забележана најниската температура – само шест степени.

Во просек, покажуваат податоците, температурите на овој датум во последните 30 години се движат од 14 до 24 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни