Поврзи се

Македонија

На Денот на рудатите САСА продолжи со поддршката на локалната заедница, рудникот го посети Зоран Заев

Published

on

И покрај предизвиците и ограничувањата што ги наметна пандемијата од Ковид-19, најголемиот рудник во земјата – САСА, на соодветен и достоен начин го одбележува 28. Август – Денот на рударите.

По повод годинешниот празник на македонските рудари, менаџментот на Рудник САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, како признание за нивното залагање и посветеност во работата. Дополнително, на 127 вработени им се доделени и специјални парични награди и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови.

-Текстот продолжува по рекламата-

Во чест на годинешното одбележување на Денот на рударите, кој воедно е и патронен празник на Македонска Каменица, САСА обезбеди финансиска поддршка за предвидените активности за одбележување на годинешниот празник, што ги организира општината Македонска Каменица, а кои оваа година се спроведуваат согласно пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.

Исто така, САСА донираше финансиски средства за набавка и инсталација на нови трибини за спортската сала во основното училиште „Кирил и Методиј“.

Loading...

„И покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, тимот на рудникот САСА, подржан од неговите инвеститори – Централ Азија Металс и од пошироката заедница, покажа дека рудникот може да продолжи да произведува олово и цинк безбедно и во согласност со плановите за производство, задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените, заштитата на животната средина, како и во долгорочниот просперитет на заедницата“, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Инаку, по повод празникот, рудникот САСА го посетија мандатарот Зоран Заев, придружуван од идните министри Мила Царовска, Јагода Шахпаска, Венко Филипче и Љупчо Николовски. На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на САСА, идниот премиер и министрите се запознаа со активностите и вложувањата на компанијата во сите сегменти од работењето, како и со плановите за идниот одржлив развој на најголемата рударска компанија во земјава.

„Ни претставува големо задоволство посетата на господинот Заев и членовите на новата Влада на САСА. Сметаме дека оваа посета покажува дека развојот на одговорното и одржливо рударство и
понатаму ќе биде во фокусот на Владата. Поддршката на нашата рударска индустрија е особено важна за локалниот социјално-економски развој, како и за развојот на целата земја“, потенцираше
генералниот директор на САСА, Олег Телној, кој заедно со мандатарот и членовите на новата Влада, упати честитки за празникот до сите вработени во САСА, како и до сите рудари и целата рударска
индустрија, посакувајќи им добро здравје, среќа и многу натамошни успеси.

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Настава од училница за социјално ранливите, за дневниот престој одлука во понеделник

4NEWS.mk

Османи: Добрососедството ми е приоритет, но меморандумот излегува од договореното

4NEWS.mk

Битиќи контра Груби – Не треба да се финансира вработување по етнички клуч во приватните фирми

Македонија

Вокациите различни од обврските – Кои се предлозите на ДУИ и СДСМ за заменици министри?!

4NEWS.mk

Прва МФЛ: „Лавовите“ го совладаа шампионот Вардар

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

4NEWS.mk

Втора МФЛ: Победи на Тиквеш и Скопје

Македонија

Сите училишта немаат компјутер и интернет – МОН со насоки какви компјутери да се користат за онлајн настава

4NEWS.mk

Тема на денот со доктор Пановски: На што се должи поголемиот број заразени и починати од Ковид-19?

Македонија

Русино за затвора и за Гостивар, изјавата на Нуредини неприфатлива за демонстрантите

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com