Македонија

На граница не може да се тестирате, од денеска за излез од Македонија само целосно вакцинирани, негативен ПЦР или прележан ковид

Од денеска (1-ви септември), стапува на сила новата мерка на Владата со која за влез или излез од Македонија треба да бидеме целосно вакцинирани, негативен ПЦР тест или пак да го имаме прележано коронавирусот

Од Владата појаснуваат дека ПЦР тестот е документ кој се бара и во други држави, па граѓаните мора да го имаат и дека тоа не претставува дополнителен трошок за граѓание.

Додаваат дека нема можност за тестирање на граничните премини, туку граѓаните ПЦР тест да направат пред да пристигнат на граница.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни