AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

На илјадници луѓе им се допаѓа фотографијата од необичната кујна од Далмација – дали и вие мислите исто?

Сопствениците на стан во Далмација беа многу инспиративни кога станува збор за украсување на кујната. Над печката и мијалникот во оваа модерна кујна е огромна фотографија од преполната Арена, очигледно, на важен натпревар.

„Како да внесете маж во кујната“, стои во описот на фотографијата, која за помалку од еден час им се допаднала на повеќе од три илјади луѓе.

Бројни фанови на Хајдук почнаа да ги тагнуваат нивните прекрасни половини, а некои се фрлија на размислување дали има подобра фотографија за нивната кујна.