Една од најпознатите манекенки Кејт Мос на иста писта прошета со нејзината 18-годишна ќерка Лила.
Тие тоа го направија на Модната недела во Милано, а по ова се чини, и Лила Мос тргна по стапките на нејзината мајка.
Ќерката носеше златно-бел костим за капење, украсен со сложена шара, којашто традиционално му се припишува на „Версаче“, а носеше и раскошна „Фенди“ јакна – со бела кожена чанта и златен ѓердан, од друга страна пак, Кејт носеше црн фустан и наметка со златни дезени.
На модната писта во италијанската палата „Версаче“ се прикажаа неколку луксузни модни линии, а во своето деби за највисоката мода, уметничките директорки на „Фенди“ и „Версаче“ Ким Џонс и Донатела Версаче создадоа вистински уметнички колекции за двете компании.
Како и обично, на пистата се најдоа и познати манекенки како Џиџи Хадид, Емили Ратајковски и Наоми Кембел, додека пак во публиката беа Елизабет Харли, Адисон Реј и Деми Мур.
Лила е ќерка на Кејт и креативниот директор на „Дејзд медија“, Џеферсон Хак, со кого Кејт беше во врска од 2001 до 2004 година. Лила е родена во 2002 година.
