Свет

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол

Јапонската метеоролошка служба апелира на евакуација на жителите на јужниот остров Кјушу пред пристигнувањето на супертајфунот Нанмадол.

Според Заедничкиот центар на американската морнарица за предупредување од опасни тајфуни, Нанмадол би можел да прерасне во најразорна тропска бура, што ја погодила Јапонија во изминатите неколку децении.

Јапонската метеоролошка агенција објави дека вечерва може да издаде „специјално предупредување“ за префектурата Кагошима и другите делови на Кјушу. Во соопштението се наведува дека во регионите постои можност за високи бранови и многу обилни врнежи од дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни